Ирена Жунгулова е дипломиран психолог и гешталт психотерапевт, примарно фокусирана на гешталт индивидуални психотераписки сеанси, групна едукативна и искуствена работа, како и на психолошко советување и поддршка при работа со жени и деца жртви на семејно насилство.
Kоавтор, изведувач и координатор на работилници за стимулација на психомоторен детски развој во рамки на "Стимулативна игра", каде применува принципи од НТЦ системи на учење и од монтесори педагогијата. Во склоп на Монтесори центарот, креира работилници за деца за развој на основите на емоционалната интелигенција, учествува во Еразмус проекти и води попладневна група во Монтесори центарот. Исто така, зема учество во организирање и реализација на работилници наменети за адолесценти, посветени на емотивното здравје и креативно изразување. Во полето на развој на позитивно родителство беше активна како супервизор на Линија за родители и водител на работилници за вешто родителство по Мелоу програмата.
Член е на Европската асоцијација за Гешталт психотерапија, e ЕАГТ акредитиран Гешталт психотерапевт, член на Македонското монтесори здружение, како и дел од тимот на македонскиот Гешталт тренинг институт - советувалиште за хумана соработка - како индивидуален терапевт, супервизор и помлад тренер во гешталт терапија.
Контакт телефон : 075 310 562
Александра Гилевска е дипломиран психилог на катедрата за психологија при УКИМ Скопје, со поле на интерес за детскиот развој, развојна психологија, психотерапија за деца (игровна терапија), развивање на вродениот интелектуален капацитет на децата и поддршка на децата во поставување на основата за развој на емоционалната интелигенција.
Има завршено базично ниво на гешталт терапија и практикува Child-centered Play Therapy (игровна терапија).
Воведната обука за Монтесори педагогијата ја има следено и завршено во 2016. Ги има завршено обуките за работа со деца по НТЦ системот на учење како и многу други со фокус на емоционалната интелигенција кај децата од предучилишна и рана училишна возраст.
Таа е автор, изведувач и координатор на работилници за деца „Стимулативна игра“. Од 2017 креира, изведува и води многубројни работилници за поддршка на когнитивниот и психомоторниот развој на децата, како и за развој на основите на емоционалната интелигенција.
Во Монтесори центарот креира работилници за деца за развој на основите на емоционалната интелигенција „Јас играм, јас чувствувам“, а потоа учествува и води попладневна група во Монтесори центарот каде ја применува Монтесори педагогијата и монтесори принципите.
Контакт телефон: 078 383 123
e-mail: psiholarium@gmail.com и abazdarova@yahoo.com
Сузана Арсовска Митревска е психолог и гешталт психотерапевт. Високото образование го завршува на Институтот за психологија при УКИМ, а по стажирањето се здобива и со лиценца за вршење општа психолошка дејност од Комората за психолози. Едукацијата за гешталт психотерапија ја завршува во Советувалиште за Хумана Соработка во Скопје. Во 2022 година, Сузана се стекнува со членство во Европската асоцијација за Гешталт психотерапија, станувајќи ЕАГТ акредитиран Гешталт психотерапевт.
За време на студиите, таа зема активно учество во многу проекти, семинари, работилници, студентиски размени итн. Се јавува и како организатор на настани и раководител за истражувања во рамките на студентската организација Психеско. Исто така, по завршувањето на студиите стекнува и едногодишно искуство во полето на организациска психологија.
Во моментов, Сузана живее и работи во Виница, а фокусот на нејзината работа се индивидуални сеанси со клиенти, преку примена на Гешталт теоријата и методологијата. Сузана е еден од основачите на здружението ПСИХОЛАРИУМ.
Контакт телефон: 075 271 814
e-mail: psiholarium@gmail.com и suzanaarsovskamitrevska@yahoo.com
Билјана Пешова е дипломиран психолог, магистер на психолошки науки и гешталт терапевт. Своето додипломско и постдипломско образование го има стекнато на Институтот за психологија на Филозофски факултет при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Едукацијата за гешталт психотерапија ја завршува во Гешталт тренинг инситутот „Советувалиште за хумана соработка“ во Скопје.
Има работно искуство како универзитетски асистент на Факултет за образовни науки при Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип, a на Линијата за родители при Национална мрежа против насилство врз жените и семејно насилство била ангажирана како советник.
Има завршено едукација за Психодијагностика и едукација за примена на Роршах проективна техника во Институт Алтернатива во Скопје. Исто така, има завршено прв степен на едукација за EFT (Терапија фокусирана на емоции) под менторство на Киријаки Полихрони.
Член е на Македонската национална организација за гешталт терапија- МНОГТ „Контакт“.
Контакт телефон: 070 369 479
e- mail: psiholarium@gmail.com и bpeshova@gmail.com
Мирјана Петровиќ е дипломиран психолог на Катедрата за психологија при Универзитет “Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во 2010 година се стекнува со сертификат за гешталт психотерапевт во “Советувалиште за хумана соработка“ под менторство на Биљана Копрова. Институтот е акредитиран од Европската Асоцијација за Гешталт терапија во 2013 година.
Во 2018 година се стекнува со основните познавања на семејна-системска психотерапија во Институтот брак, семејство и системска пракса – Алтернатива, Скопје.
Покрај искуството добиено во Центарот за социјални работи и учество на проекти за емоционален развој, праксата за психотерапевтска работа со возрасна популација ја добива во психијатриската поликлиника “Др. Павлов“ во период 2018 – 2019 година. Оттогаш, работи индивидуална пракса со клиенти од различни возрасти и животни ситуации.
Живее и работи во Скопје.
Контакт телефон: 075 374 525
e- mail: psiholarium@gmail.com и mirjana.magdalena@gmail.com
Ненад Сечков е дипломиран психолог и гешталт психотерапевт под супервизија. Со лиценца за општа психолошка дејност од Комората психолози се стекнува во 2022 година и истата година започнува да работи психолошко советување со клиенти. Едукацијата за гешталт психотерапевт ја посетува во институтот Советувалиште за Хумана Соработка во Скопје.
Дополнително, има посетувано различни тренинг програми, вклучително и едукација за Психодијагностика, EFT (Терапија фокусирана на емоции). Има завршено и обука за работа со сторители на семејно насилство.
Покрај работата со клиенти, работното искуство на Ненад вклучува и ангажман како советник на линијата за родителство во склоп на Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство и како волонтер во “Прв семеен центар” во град Скопје во склоп на Хера – Асоцијација за здравствена едукација и истражување.
Контакт телефон: 070 268 209
e- mail: psiholarium@gmail.com и nenad.seckov@gmail.com