Дали некогаш се чувствуваш како се уште да чекаш животот вистински да ти започне? Од училиште, до работа и сите животни постигнувања, постојано се надеваме дека овојпат тоа е тоа - моментот кога конечно ќе „почнеме“ да го живееме животот. Но, што ако патувањето е поважно од дестинацијата?
Често го слушаме терминот „личен раст и развој“, но колку често се запрашуваме што точно тоа значи? Во видеото на The School of Life се зборува токму за суштината на психолошкиот раст – што вклучува, што оставаме позади нас и како можеме свесно да го негуваме нашиот личен раст и развој.