Често го слушаме терминот „личен раст и развој“, но колку често се запрашуваме што точно тоа значи? Во видеото на The School of Life се зборува токму за суштината на психолошкиот раст – што вклучува, што оставаме позади нас и како можеме свесно да го негуваме нашиот личен раст и развој.
Личниот раст не значи собирање на сета светска мудрост преку ноќ, ниту пак целосно одбегнување на грешките. Растот и развојот се однесуваат на учењето како да не реагираме во сегашноста преку искривената перцепција од минатото – стравовите од детството, разочарувањата и одбраните што сме ги поставиле за да се заштитиме кога не сме биле безбедни.
Личниот раст е поттикнат од тешки и трансформативни прашања како што се:
- Дали мојата зафатеност ме спречува да се поврзам со себе?
- Дали имам отпор кон близина бидејќи е побезбедно да бидам во изолација?
- Што ако моите претпоставки предизвикуваат непотребен конфликт?
Растењето бара храброст, трпение и волја да се прифати ранливоста. Парадоксално е, но, болката често е катализатор: разочарувања, професионалните предизвици или осаменоста многу често знаат да поттикнат размислување за тоа кои сме ние и како сме во релација со другите.
Погледнете го видеото на The School of Life за да дознаете и зошто препознавањето на многуте нешта што допрва треба да ги научиме и ветувањето дека ќе бидеме уште малку помалку „идиоти“ во времето што ни останува се едни од најсилните знаци на личен раст и развој.