Психолариум како партнер на Реактор - Истражување во акција, а со поддршка на Француска амбасада започнува сеопфатна иницијатива за справување со менталните предизвици во перинаталниот период. Членови од тимот на Психолариум се во процесот на обука за пружање психолошка поддршка овозможена од Postpartum Support International, по чиешто завршување ќе воспоставиме и група за психолошка поддршка на мајки во перинатален период во времетраење од 3 месеци.
Работилници за деца на возраст од 10-12 години, насочени кон развој на детските потенцијали и градење на здрави релации.