Во периодот Април-Мај 2024, психолозите Сузана Арсовска Митревска и Александра Гилевска од Центарот за психотерапија и развој на човечките потенцијали „Психолариум“, одржаа 4 тематски работилници насочени кон развојот на менталното здравје на младата популација. Во работилниците беа вклучени деца на возраст од 10 до 12 години, во Скопје.
Низ оваа серија интерактивни работилници, децата успеаа да се запознаат со основните одлики на асертивната комуникација, емоционалната интелигенција, личниот простор и личните граници, видовите насилство и начините на превенција на истото.
Децата се запознаваа со овие поими низ низа интерактивни вежби, кои имаа за цел разбирање, препознавање и примена на овие вештини во понатомошното дејствување. Преку комбинација на игра и отворена дискусија, децата ги развиваа вештините за соработка и меѓусебно почитување, со акцент на групната соработка и поддршка.
Тимот на Психолариум се заблагодарува на сите учесници и нивните родители за укажаната доверба. Веруваме во важноста и неопходноста на развивање на овие вештини кај децата, кои им помагаат во развивањето на своите потенцијали, но истовремено им ја покажуваат и значајноста на меѓусебната соработка.