Здрави начини на функционирање на личноста
Секоја индивидуа за време на својот развој учи вредности преку односот со родителите и околината. Дел од овие вредности може да бидат припадност, напорна работа, пари, социјален статус, почитување на семејството, итн. Многу од овие вредности се интернализирани без личноста да биде свесна. Според Фриц Перлс, основачот на гешталт терапијата, општеството ги охрабрува и промовира вредностите коишто придонесуваат кон нарушување на здравата состојба кај човекот. Тоа што општеството го смета за прифатливо, како што се прифаќањето на општествените барања и вредности, може да се коси со здравите начини на функционирање, како што е валидирање на внатрешните вредности, мудрост, актуализација на потенцијалите итн. Токму овие процеси придонесуваат до себе-поддржување, една од главните цели во гешталт терапијата.
Во продолжение, ќе наведам неколку генерално позитивни процеси во гешталт терапијата кои го поддржуваат и потврдуваат здравото функционирање на личноста. Гешталт теоријата ги издвојува следните: созревање, одговорност, себе-актуализација и автентичност.
Паничните напади се сметаат за феномен на постмодерното доба. Тоа не значи дека тие не постоеле и претходно, туку дека постои тенденција нивната феноменологија и симптоматологија да се сместуваат во овој исторски-социјално-културен контекст. Постмодерното доба е време на значителни социјални и општествени промени, технонолошка ера, забрзан ритам на живот и многу промени во природата и средината во која живееме...
Конфликтите се нормален и неизбежен дел од животот на секој човек. Тие се составен дел од меѓучовечките односи помеѓу сите луѓе, па дури и оние кои најмногу си значат едни на други. Од првиот па се до последниот момент од животот, ние се соочуваме со конфликти од различни типови...
Емоционалната писменост се однесува на способноста на препознавање, идентификација и диференцијација на сопствените емотивни состојби. Емоционалната писменост е основа на емоционалната интелегенција и децата преку истражување и препознавање на начинот на изразување на емоциите имаат можност да осознаат како да ги препознаат своите емоции и како да ги изразат, да разберат колку е важно да знаат како се чувствуваат другарчињата и да научат да му се помогне на некој кога е лут или кога е тажен или исплашен.
Родителите често пати знаат да се соочат со коментарите кои си ги даваат во заедничката работа на воспитување – “премногу си строг или премногу попушташ, го размазуваш детето или ќе му направиш трауми на детето” .Можеби на другите полиња од партнерската релација има согласување и функционираат на продуктивен начин, но во стиловите на воспитување постојат разлики кои често пати водат кон фрустрации, борба за усогласување, непочитување и неразбирање.
Преку поставување на семејните рутини и правила родтиелите на своите деца им ги пренесуваат семејните вредности и верувања, ги насочуваат на одредени пожелни и примерни однесувања, им даваат повратни информации за наученото, забрануваат одредена активност која преставува потенцијална опасност, и едноставно им велат “не” на своите деца. При тоа е значаен начинот на кој тоа го прават, секако тука не станува збор за претераното контролирање, безчувствителното казнување и наредување, туку за поставување на граници и рамки, со љубов и топлина, кои им се потребни на децата за да почувствуваат стабилност, сигурност и безбедност.
Тргнувањето во градинка е важна пресвртница во животот на детето, а и на родителите. Тоа претставува важен чекор во осамостојувањето на детето- многу деца за прв пат се одвојуваат од семејството и родителите на подолг временски период. Тргнувањето во градинка подразбира средба со нова средина, непознати возрасни лица, голем број на врсници, нова храна, нова дневна рутина, нови правила на однесување и слично. Наеднаш детето од „центар во светот“, станува „едно од многуте во светот“. Сето ова вклучува многу нови, непознати и фрустрирачки моменти кои за детето претставуваат стресна ситуација. Поради ова многу деца реагираат со страв и отпор према одењето во градинка.
Во комуникацијата родител- дете употребата на „Јас пораки“ е мночу значајна. Со овој начин на комуникација родителот се изразува себеси (своите мисли, чувства, потреби и желби) и објаснува како конкретното однесување/ постапка на детето влијае врз него, покажувајќи ја својата подготвеност за разговор. При тоа тој не ја напаѓа, навредува или критикува личноста на детето, а детето не се чувствува загрозено и нападнато.