Секој човек поседува потенцијали за ментално здравје, личен раст и развој. Исклучиво преку промени и развој на индивидуата можат да се случат промени и развој на заедницата, колективот и општеството. Истовремено, заедницата и општеството можат да создадат погодни услови кои го овозможуваат и поддржуваат индивидуалното здравје, раст и развој.
Преку ова Здружение, го вложуваме и ставаме на располагање сето свое професионално и стручно знаење, развиени способности и вештини во функција на давање помош, поддршка и создавање на услови за развој на потенцијалите за здравје, раст и развој на индивидуата, групата и пошироката заедница.
Професионално поврзување и здружување на психолози и психотерапевти заради унапредување на психолошката и психотерапевтската струка како и стручно усовршување, размена на искуства и хоризонтално учење помеѓу членовите на Здружението;
Афирмација, популаризација и развој на психологијата и психотерапијата како дејности;
Зголемување на видливоста на психолозите и психотерапевтите и нивните услуги;
Грижа за менталното здравје на поединци, групи и пошироката заедница;
Психолошка едукација на поединци и групи од различни возрасти во различни сетинзи;
Стимулација на развојот на деца со типичен развој;
Развој на личните потенцијали на лица од различна возраст, индивидуално или во група, во насока на постигнување на личен раст и развој;
Унапредување на општите човечки вредности на заедницата.